• петок, 28 јуни 2024

Олимпискиот комитет на Азија ги покани Русија и Белорусија да учествуваат на Азиските игри

Олимпискиот комитет на Азија ги покани Русија и Белорусија да учествуваат на Азиските игри

Москва, 26 јануари 2023 (МИА) - Олимпискиот комитет на Азија (ОКА) ги покани Русија и Белорусија да учествуваат на Азиските игри, пренесува ТАСС повикувајќи се на прес-службата на ОКА.

- ОКА верува во обединувачката моќ на спортот и дека сите спортисти, без разлика на нивната националност или пасош, треба да можат да се натпреваруваат во спортот. OКA ги покани руските и белоруските спортисти кои ги исполнуваат условите да учествуваат на натпревари во Азија, вклучувајќи ги и Азиските игри, се вели во соопштението на прес-службата на организацијата.

Азиските игри ќе се одржат во Хангжу, Кина од 23 септември до 8 октомври.

Во средата, на 25 јануари, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) објави дека ќе размисли да им дозволи на руските спортисти кои не ја поддржуваат специјалната воена операција во Украина, да се натпреваруваат под неутрален статус.

На 28 февруари 2022 година, ИОК препорача меѓународните спортски федерации да спречат руски и белоруски спортисти да учествуваат на меѓународни натпревари. зс/

Остани поврзан