• недела, 22 декември 2024

Олжас Бектенов е новиот премиер на Казахстан

Олжас Бектенов е новиот премиер на Казахстан

Астана, 6 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев денеска потпиша указ за именување на шефот на кабинетот Олжас Бектенов за премиер на земјата, соопшти прес-службата на претседателот.

„Со указ на шефот на државата, Олжас Абаевич Бектенов е именуван за премиер на Република Казахстан и тој е разрешен од сегашната функција“, се наведува во указот.

Алихан Смаилов, кој ја предводеше владата на Казахстан од јануари 2022 година, вчера поднесе оставка, без да наведе причина.

Претходно денеска кандидатурата на Бектенов за премиерската функција ја предложи владејачката партија Аманат, а Мажилис (Долниот дом на Парламентот) се согласи со ова назначување.

Бектенов ја предводеше администрацијата на претседателот на Казахстан од април 2023 година. Со текот на годините, тој работеше како шеф на одделот за антикорупција, како и во Министерството за правда и финансиската полиција на Казахстан. паг/

Фото: Влада на Казахстан

 

Остани поврзан