Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
- Околу 90 камиони со хуманитарна помош синоќа влегле во Појасот Газа и биле префрлени во центрите на ОН низ Појасот, јави Тајмс од Израел повикувајќи се на палестински медиуми.
Газа, 22 мај 2025 (МИА) – Околу 90 камиони со хуманитарна помош синоќа влегле во Појасот Газа и биле префрлени во центрите на ОН низ Појасот, јави Тајмс од Израел повикувајќи се на палестински медиуми.
Во изминатите два дена, камиони влегуваа на палестинската страна на преминот Керем Шалом, но имаше доцнење во дистрибуцијата на помошта во рамките на Појасот.
ОН вчера соопштија дека рутата што им ја понудиле ИДФ не е безбедна и дека се плашат од грабежи, поради што дистрибуцијата беше одложена. јт/
Фото: ЕПА архива