ОЕЦД: Пандемиските долгови ќе ги надминат долгорочните трошоци за здравство и пензии
- Трошоците за отплата на долговите акумулирани во пандемиската криза ќе бидат занемарливи во споредба со оние што ги носат долгорочните трендови како што се финансирање пензии и здравствени ус
Париз, 19 октомври 2021 (МИА) - Трошоците за отплата на долговите акумулирани во пандемиската криза ќе бидат занемарливи во споредба со оние што ги носат долгорочните трендови како што се финансирање пензии и здравствени услуги во услови на стареење на населението, предупреди ОЕЦД.
Во пандемијата на Ковид-19, државите натрупаа огромни долгови за да им помогнат на граѓаните и компаниите да ја надминат кризата предизвикана од ширењето на инфекцијата и строгите мерки за борба против неа, наведува Организацијата за економска соработка и развој во својот најнов извештај.
Според ОЕЦД, фискалната политика мора да го поддржува јавното здравство и економијата се додека пандемијата не биде целосно совладана, по што владите ќе треба да ја прекинат поддршката за компаниите и да ја преиспитаат фискалната одржливост преку призмата на повисок долг и послаб раст на БДП.
До 2060 година, фискалниот притисок врз членка на ОЕЦД може да се зголеми за осум процентни поени од БДП, доколку владите се стремат да го одржат сегашниот стандард за јавни услуги и социјални права, смета ОЕЦД.