• петок, 22 ноември 2024

Од 88 санкционирани возачи во Скопје, 20 се за брзо возење

Од 88 санкционирани возачи во Скопје, 20 се за брзо возење
Скопје, 22 март 2021 (МИА) - На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, а 19 за возење без возачка дозвола. Од МВР денеска соопштија дека се изречени четири санкции за користење мобилен телефон, една санкција за управување под дејство на алкохол, 26 за непрописно паркирани возила. Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. цр/дма/

сообраќај

Остани поврзан