• среда, 12 јуни 2024

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Велес, 23 мај 2024 (МИА) - Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ кој при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите имал проблеми од здравствена природа, е надвор од животна опасност, објави попладнево на Фејсбук, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).

- Во врска со искачувањето на врвот Лотце од страна на Здравко Дејановиќ, ве известуваме дека на барање на неговото семејство, досега не излеговме со официјални информации. Воедно, ве информираме дека во текот на искачувањето се појавиле проблеми од здравствена природа, и дека, во моментов Здравко е надвор од животна опасност. Одржуваме контакт со неговото семејство и во периодот кој следи ќе има повеќе информации директно од Здравко или од нас. Замолуваме за етика и воздржаност од споделување на непотврдени информации. Ви благодариме однапред на разбирањето, се наведува во објавата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Вчера се појавија неофицијални ФБ објави дека Дејановиќ при искачувањето на Лотце, четврти највисок врв на Хималаите, се здобил со измрзанатите на рацете и со хеликотер бил пренесен во тамошна болница.

Од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија вчера не сакаа да дадат официјално соопштение, и најавија дека за случајот ќе информираат само преку  својата фб страница.ад/са/

Фото: принтскрин ФПСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан