• понеделник, 07 октомври 2024

Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница 

Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница 

Кавадарци, 19 септември 2024 (МИА) - Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница, на гинеколошко - акупшерското одделение,  со доктори од ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, информираа денеска од оваа јавна здравствена установа со проширена дејност.  

- Со цел проширување на услугите што ги пружаат нашите лекари на Гинеколошко акушерско одделение, ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци известува дека почнувајќи од утре, во нашата здравствена установа ќе има можност да се користат услугите на лекар специјалист гинеколог – акушер, од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје, соопштија од Болницата. 

Оттаму подвлекоа дека со оваа достапна оперативна услуга, пациентите веќе нема да мораат да патуваат и ваквите услуги да ги бараат во останатите клиники надвор од Кавадарци.

- ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност на чело со директорката и менаџерскиот тим, ќе работи и понатаму за воведување на нови процедури и дијагностики со една единствена цел, навремено дијагностицирање и третирање на пациентите. 
Затоа што задоволни и здрави пациенти се нашата мисија, рекоа од оваа јавна здравствена установа со проширена дејност. свд/сст/


Фото : МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан