• недела, 22 декември 2024

Фестивал на инклузија во општина Кисела Вода

Фестивал на инклузија во општина Кисела Вода

Скопје, 6 септември 2023 ( МИА) -  Под покровителство на Општина Кисела Вода, од утре до 10 септември, во паркот Македонија, пред Домот на култура „Билјана Беличанец”, ќе се одржи Фестивал на инклузија на тема „Културни политики за инклузија". Настанот е во организација на Здружението за едукативни и хуманитарни активности ВИЗИЈА ПЛУС – Скопје, во соработка со Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост – Икуалити.

Како што информираат од Општина Кисела Вода, програмата вклучува различни изложби, дискусии, работилници, проекции на филмови и концерти. Фестивалот ќе биде отворен утре,  со почеток од  20 часот заедно со изложбата на уметничките фотографии на Драги Неделчевски и Небојша Гелевски, насловена „Запознавање и прифаќање” и музичкиот концерт на македонскиот трап-изведувач, Пајак.

Следните два дена ќе бидат исполнети со неколку работилници за деца и млади, изведба на инклузивен хор на деца со и без попреченост, концерт на македонскиот фанк/алтернативен бенд Funk Shui, проекции на неколку филмови, инклузивна театарска претстава на танцовото студио Еурека Катерина, ретро музичка забава со Ламбе Алабаковски и пријателите „Македонија во 90-2000-тите”, забава со ди-џеј и уште многу други интересни настани. љм/са/

Фото: Општина Кисела Вода

 

Остани поврзан