• понеделник, 13 мај 2024

Од Тиквешко за грант од по 600 илјади денари аплицирале 65 мали семејни винарии 

Од Тиквешко за грант од по 600 илјади денари аплицирале 65 мали семејни винарии 
Кавадарци, 4 април 2023 (МИА) - Шеесет и пет мали семејни винарии од Тиквешко аплицирале за грант од по 600 илјади денари, потврди за МИА, Ѓоко Данаилов, раководител на Вардарски регион, при Агенција за поттикнување на развој во земјоделството.  
 
- Грантот за една семејна винарија изнесува 600 илјади денари. Деведесет проценти од тој износ треба да се искористи за опрема и остатокот за да се ангажира стручно лице енолог, појасни Данаилов. 
 
Тој потсети дека во подрачните единици во Кавадарци и Неготино, што се надлежни и за општините Росоман и Демир Капија, бесплатно им биле изработени бизнис плановите на заинтересираните апликанти. 
 
Данаилов посочи дека им стојат на располагање, за помош и поддршка, на сите заинтересирани земјоделци, за понатамошните програми на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. свд/цр
 
Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан