• недела, 26 мај 2024

Од првиот ден на судскиот процес против Трамп

Од првиот ден на судскиот процес против Трамп

Вашингтон, 16 април 2024 (МИА) Њујоршкиот судија Хуан Мерчан кој го води кривичното дело против Доналд Трамп околу исплати на Сторми Дениелс, поранешна актерка во филмови за возрасни, во судот во Менхетн го отфрли барањето на експретседателот Мерчан да се изземе и да истапи од учество во процесот.

Барањето на Трамп за изземање на Мерчан е заснована на тоа што неговата ќерка која е исто така судија, работи во политичка консaлтинг фирма со клиенти демократи па тоа, според експретседателот, создава конфликт на интереси.

Така, процесот синоќа продолжи со избор на порота од Њујорк која ќе го разгледува случајот на Трамп во кој тој е обвинет за фалсификување деловна документација со цел да се прикријат исплати извршени пред изборите во 2016 година во висина од 130.000 долари, а за неразгласување на наводна вонбрачна врска меѓу него и Дениелс.

Изборот на поротата може да трае неколку денови, и засега оди тешко - од 96 кандидати за поротници, половината беа отфрлени бидејќи се смета дека не можат да бидат фер и независни.

По тоа ќе следуваат воведни изјави и сведочења на сведоци. Дениелс и поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кои сведочеа за тоа дека тој вршел исплати на Дениелс, се исто така некои од сведоците во процесот.

Трамп изјави дека е невин и планира да сведочи во своја одбрана.

На рочиштето синоќа окружното обвинителство побараа од Мерчан да изрече казна за Трамп бидејќи овој ја нарушил наредбата да зборува за сведоците во овој случај, за самото обвинителство и вработените во него. За тоа ќе се решава на посебна седница идната недела. Со ова обвинителството бара начин да го развлечат судењето.

Тој е првиот поранешен претседател на САД кој е кривично гонет во граѓанска парница и во случај да биде прогласен за виновен може да добие затворска казна, сметаат познавачите.

Судскиот процес се очекува да трае месец и пол.

Трамп е претседателски кандидат од републиканците на изборите закажани за во ноември и поради судењето тој највеојатно ќе ја паузира својата кампања.

Според вториот обвинителен акт, бившата манекенка Карен Мекдугал откри дека имала повеќемесечна врска со Трамп и побарала објава за тоа. Шест месеци пред изборите, еден американски таблоид и исплатил 150.000 долари да молчи за наводите дека имала врска со Трамп. Оваа исплата не е дел од тужбите, но обвинителите сметаат дека со тоа ќе докажат таквите исплати се случувале редовно.

Од синоќешното рочиште победа за Трамп беше одлуката на судијата да не се пушта снимката на „Аксес Холивуд“ со назнака дека била непристрасна. Тој побара да не се изнесуваат повеќе други наводи за сексуални напади од страна на Трамп појавени по објавувањето на снимката во октомври 2016 година.

Експретседателот ги отфрла сите 34 точки покренати против него во њујоршкиот случај, вклучително и тоа дека му наредил на Коен да изврши исплати на Дениелс а потоа му платил како за адвокатски судски услуги. кб/

Остани поврзан