• вторник, 25 јуни 2024

Од денеска зголемена цената на авто-такси превозот во Битола

Од денеска зголемена цената на авто-такси превозот во Битола
Битола, 31 јануари 2022 (МИА) - Советот на Општина Битола донесе одлука со која од денеска е утврдена нова цена на авто-такси превозот, на подрачјето на Општина Битола. Пресметување на цената на превозот и услугите во авто-такси превозот на патници ќе се врши според нова тарифа, односно заштитна цена од 60 денари старт со вклучен еден километар возење, а за секој нареден изминат километар дополнително ќе се пресметуваат по 25 денари. Со донесената одлука од Советот на Општина Битола која е во сила од денеска, авто-такси превозниците се обврзуваат на видно место во автомобилот да ја истакнат тарифата за пресметување на цената за извршена услуга и задолжително да издаваат фискална сметка.мт/свс

Остани поврзан