• петок, 22 ноември 2024

Одѕивот за градоначалник на Благоевград останува мал и во вториот круг

Одѕивот за градоначалник на Благоевград останува мал и во вториот круг

Софија, 4 јули 2021 (МИА) - Одѕивот во вториот круг од изборите за градоначалник во Благоевград, кој се наоѓа во југозападна Бугарија, останува на ниско ниво.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето до пладне беше 11 отсто. Одѕивот на гласачите до 10 часот сега беше помал за два процента, во споредба со првиот круг минатата недела, кога изнесуваше 3,36 отсто.

Нема регистрирани жалби и пријави за изборни нерегуларности.

Вкупно 65.000 граѓани избираат меѓу кандидатите на партијата на Слави Трифонов - „Има таков народ, адвокатот Илко Стојанов и независниот, но поддржан од бугарските социјалисти, Румен Томов, чиј мандат како градоначалник беше прекинат. На две места за кратко време беше прекинато машинското гласање, поради прекин на потврдата за гласање пред машината да го преброи гласањето, а во вториот случај  затоа што гласачот се обидел да ја повлече картичката пред машината да го запише резултатот од неговиот избор. Сепак, членовите на одделните комисиите и гласачите одобруваат машинско гласање. Инаку, локалните медиуми објавија дека неделата меѓу двата круга поминала мирно и без нарушување на изборните правила. Во 20 избирачки места од вкупно 140, се гласа со гласачкото ливче затоа што има помалку од 300 гласачи, а во останатите 120 се гласа машински. Независно од тоа, беа испечатени околу 72.000 гласачки ливчиња, како што налага законот. Во другите места, гласањето се одвива машински. Дописникот на МИА од Софија јави дека во првиот круг само 27,75 проценти од нешто повеќе од 65.000 гласачи гласале за нов градоначалник на Благоевград. нк/паг/

Остани поврзан