• недела, 22 декември 2024

Одрони кај делечвското село Очипала

Одрони кај делечвското село Очипала

Делчево, 7 декември 2024 (МИА) - Кај делчевското село Очипала на патот Делчево - Македонска Каменица кој е дел од магистралата А3 утрово регистрирани нови одрони. Поради дождот кој непрекинато паѓаше во текот на ноќта, на овој патен правец се вози по влажни коловози.

Од подружницата на Јавното претпријате Македонија пат истакнаа дека се работи за терен подложен на одрони, кој редовно го одржуваат екипи на претпријатието.

Оттаму посочуваат до возачите да се вози крајно внимателно во вакви услови апелирајки на прилагодување на брзината спрема условите на патот, притоа напоменувајки строго да се почитува и сообраќајната сигнализација.

Поради честата појава на одрони на делницата кај село Очипала на вчерашниот Буџетски Форум во Делчево, граѓани побараа поставување на ограда која ќе го минимизира паѓањето на одроните на овој патен правец. вс/лв/

фото:МИА 

Остани поврзан