• понеделник, 23 декември 2024

Одржана конститутивна седница на Работниот комитет за европска интеграција

Одржана конститутивна седница на Работниот комитет за европска интеграција
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ на својот профил на Фејсбук објави дека денеска е одржана конститутивна седница на Работниот комитет за европска интеграција. - Денеска ја одржавме Конститутивната седница на Работниот комитет за европска интеграција (РКЕИ), тело кое повеќе од две децении е дел од координативниот механизам на Северна Македонија со Европската Унија, сега со една нова дополнителна функција со оглед на отпочнувањето на процесот на пристапни преговори за членство во Европската Унија, наведе Маричиќ во објавата. Вицепремиерот посочува дека имајќи предвид оти билатералниот скрининг е најважната активност која се спроведува во моментов, пред државните секретари ја потенцирал важноста за што е можно подобра подготовка за настапот на македонските делегации. - Од тоа ќе зависи и оценката на Европската Комисија во извештаите за билатералните скрининзи и препораките за дефинирање на одредници за отворање на кластерите. Нека ни е успешна работата, потенцира Маричиќ во објавата. сп/

Остани поврзан