• сабота, 27 април 2024

Одобрен проектот за изградбата на детски катчиња во велешките села Отовица и Иванковци

Одобрен проектот за изградбата на  детски катчиња во велешките села Отовица и Иванковци

Велес, 17 ноември 2023 (МИА) - Дечињата од велешките села Отовица и Иванковци ќе добијат современи детски катчиња. Проектот е одобрен за нивна изградба, при што, негова реализација ќе биде во првата половина на 2024 година, информира градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев.

-Најдоброто за најмалите. Продолжуваме посветено, зашто Општина Велес е на сите нас. Вакви детски катчиња за игра и дружење на најмалите -децата, освен во градот веќе изградивме и градиме во сите населени места во Општина Велес, потенцира Колев. ад/љм

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан