• недела, 22 декември 2024

Одобрени дигитални иновациски хабови за настапување на повикот во рамки на Дигитална Европа

Одобрени дигитални иновациски хабови за настапување на повикот во рамки на Дигитална Европа

Скопје, 26 март 2024 (МИА) - Владата, на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, денеска усвои Информација за процес на идентификација на дигитални иновациски хабови во државава и ги одобри пријавените хабови за настапување на повикот во рамки на програмата Дигитална Европа, информира владината прес-служба. 

Оваа програма за финансирање на ЕУ, посочуваат од Владата, е фокусирана на доближување на дигиталната технологија до бизнисите, граѓаните и јавната администрација и се очекува да обезбеди стратешко финансирање, поддржувајќи проекти во пет клучни области: суперкомпјутери, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување широка употреба на дигитални технологии во економијата и општеството. 

Со планираниот вкупен буџет од 7,5 милијарди евра (за сите земји) програмата има цел да го забрза економското закрепнување и да ја обликува дигиталната трансформација на општеството и економијата, со придобивки за сите, но особено за малите и средни претпријатија.

Програмата Дигитална Европа е дел од повеќегодишната финансиска рамка 2021-2027 година.лв/вг/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан