• сабота, 21 декември 2024

Одлуки од 32. седница на Уставниот суд

Одлуки од 32. седница на Уставниот суд

Скопје, 12 декември 2024

Вчера, 11 декември 2024 година, Уставниот суд ја одржа 32-та седница на која се дискутираше по пет иницијативи за оценување на уставност и законитост, еден предлог за решавање судир на надлежности и се одлучуваше по два предлога за одлучување за кои е донесена конечна одлука.

1. Реферат У.бр.15/2019, У.бр.25/2019, У.бр.29/2019, У.бр.30/2019, У.бр.32/2019, У.бр.33/2019, У.бр.34/2019, У.бр.36/2019, У.бр.37/2019, У.бр.41/2019, У.бр.51/2019, У.бр.67/2019 и У.бр.162/2019

Уставниот суд одлучи да се одржи подготвителна седница за овој предмет во кој е оспорена уставноста на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр.7/2019) и Законот за употреба на јазиците („Службен весник на Република Македонија“ бр.7/2019) во целина и одделно: називот на Законот, член 1 ставови 2, 3 и 4, членови 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 од  Законот.

Подносители на иницијативите:
– Ивица Ефремов од Велес и Стив Ангеловски од Битола (У.бр.15/2019)
– Здружението „Светски македонски конгрес“ (У.бр.25/2019, У.бр.67/2019)
– проф.д-р Јове Кекеновски од Скопје (У.бр.29/2019)
– Васко Лазескии други, сите од Кичево (У.бр.30/2019)
– Политичка партија „ВМРО-ДПМНЕ“ (У.бр.32/2019)
– Ивана Митевска од Скопје (У.бр.33/2019)
– Томе Тодоровски, адвокат од Свети Николе (У.бр.34/2019)
– Клементина Брзановска од Скопје (У.бр.36/2019)
– Владимир Стефановски од Скопје (У.бр.37/2019)
– Солза Грчева, и други, сите од Скопје (У.бр.41/2019)
– Политичка партија „Левица“ (У.бр.51/2019)
– проф.д-р Тања Каракамишева-Јовановска, и други (У.бр.162/2019)

2. Реферат У.бр. 97/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 222 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.302/2020) и член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.122/2021)

Подносител: Светски македонски конгрес

3. Реферат У.бр. 194/2024

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот за начинот и постапката на спроведување на избор и оценка на соодветноста на член на надзорен орган на друштво за осигурување и известување до Агенцијата за супервизија на осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.97/2024)

Подносители на иницијативата: Валентин Пепељугоски, Светлана Начева и Бојан Стоилков, сите од Скопје

4. Реферат У.бр. 165/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за определување и промена на имињата на улици и плоштади на подрачјето на Град Скопје бр. 27-2792/1 на Советот на Град Скопје („Електронски службен гласник на Град Скопје“ бр. 4/2021)

Подносител на иницијативата: Политичка партија Левица

5. Реферат У.бр. 178/2023 и У.бр.180/2023
Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за времен прекин на дел од постапките со кои се спроведува Деталниот урбанистички план Градски четврт C3 03 на Советот на Општина Ѓорче Петров-Скопје бр. 08-1360/5 од („Службен гласник на Oпштина Ѓорче Петров” бр. 8/2023)

Подносител на иницијативата У.бр.178/2023: Државен инспекторат за локална самоуправа
Подносител на иницијативата У.бр.180/2023: Друштво за градежништво , трговија и услуги СТ Дизајн 20202 ДООЕЛ Скопје, застапуван од управител Сања Савовска

ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ СУДИР НА НАДЛЕЖНОСТ

1. У.бр.230/2024

Судот го уважи предлогот за решавање на судирот на надлежност помеѓу Собранието на Република Северна Македонија  и Претседателот на Република Северна Македонија и утврди дека Комисијата за прашања на избори и именувања на Собранието на Република Северна Македонија е стварно надлежно да постапува по Барањето за остварување на правото на плата по престанок на функцијата поднесено од страна на Тоше Зафиров.
Подносител на предлогот: Тоше Зафиров

ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА

1. У.бр.185/2023

Се запира постапката за оценување на уставноста и законитоста на член 13 став 2 и член 14 од Статутот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија

Подносител: Александар Петковски

2. У.бр.190/2024

Се укинува член 2 став 3 во делот „а до навршени 65 години живот“ од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работата на Комисијата за оцена на работната способност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.142/2021), донесен од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

 
* Предметите У.бр.138/2023, У.бр.207/2023, У.бр.89/2024, У.бр.151/2024, У.бр.5/2024 и У.бр.117/2019 се одложени за една од наредните седници на Уставниот суд
 

 

Уставен суд на  Република Северна Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан