• сабота, 06 јули 2024

Одложен куп натпреварот Работнички – Шкупи

Одложен куп натпреварот Работнички – Шкупи

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) – Натпреварот од фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Работнички и Шкупи што требаше да се игра попладнево од 13 часот е одложен.

Дуелот од четвртфиналето на купот требаше да се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопско „Маџари“. Сепак, врнежите дожд го поплавија теренот па надлежните од Фудбалската федерација на Македонија одлучија средбата да се одложи.

Новиот термин ќе биде дополнително објавен.

Инаку, во тек се другите три четвртфинални средби. Двојките се:
Брегалница – Воска Спорт
Тиквеш – АП Брера Струмица и
Македонија ЃП – Силекс. зс/

 

Остани поврзан