Одложена средбата меѓу министрите Бектеши и Кошарац
- Поради објективни причини одложена е средбата што беше предвидена да се одржи помеѓу министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и

Скопје, 10 јуни 2022 (МИА) - Поради објективни причини одложена е средбата што беше предвидена да се одржи помеѓу министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Сташа Кошарац, соопшти Министерството за економија.
- Како што соопштија од Министерството за надворешна трговија и економски односи и од Амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје, поради објективни причини делегацијата нема да може да ја одржи денешната средба според планираното и дека истата ќе биде откажана на неодредено време, се вели во соопштението. мс/бк/