• понеделник, 23 декември 2024

Одземено олимпиското сребро на Русинката Гулиев поради допинг

Одземено олимпиското сребро на Русинката Гулиев поради допинг

 

Лондон, 12 април 2024 (МИА) – Руската атлетичарка Екатерина Поистогова - Гулиев (33) е суспендирана на две години и ќе ѝ биде одземен сребрениот медал освоен во трката на 800 метри на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, соопшти Атлетското тело за интегритет (АИУ).

Поистогова - Гулиев беше суспендирана на две години од март 2023 година поради користење забранета супстанца, а воедно и беа дисквалификувани сите резултати во периодот од 17 јули 2012 до 20 октомври 2014 година.

Натпреварувајќи се како Екатерина Поистогова, таа заврши на третото место во олимпиското финале на 800 метри, но подоцна беше наградена со сребро бидејќи руската победничка Марија Савинова, исто така, беше прогласена за виновна за прекршување на допинг.

Неколку години подоцна се раздели од рускиот атлетичар Степан Поистогов, и повторно се омажи за турскиот спринтер Рамил Гулиев, а од 2022 година настапува под турско знаме.

„Гулиев има рок до 13 мај да поднесе жалба. Доколку тој рок истече без жалба, оваа одлука станува обврзувачка“, соопшти АИУ.

Доколку Гулиева не ја обжали суспензијата, Памела Јелимо од Кенија ќе го освои среброто, додека на Американката Алисија Монтано ќе и припадне бронзата. ег

Остани поврзан