Одземени бакарни предмети од деловен објект во Куманово
- Сопственик на деловен објект од Куманово пријавил во полицијата дека од неговиот деловен објект биле одземени бакарни предмети, соопшти денеска полицијата.

Куманово, 11 март 2022 (МИА) - Сопственик на деловен објект од Куманово пријавил во полицијата дека од неговиот деловен објект биле одземени бакарни предмети, соопшти денеска полицијата.
- Вчера во 08:10 часот во СВР Куманово Т.Ж. (61) од Куманово пријавил дека во неговиот деловен објект на улицата „Иво Лола Рибар“ Куманово, непознат сторител влегол со употреба на подесен предмет и одзел бакарни предмети, соопшти полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.ам/бт/