• четврток, 28 март 2024

Од верските календари

Од верските календари
12 ноември 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 октомври. Денеска е Св. маченици Зиновиј и Зиновија. Потекнуваа од градот Егеј во Киликија, во југоисточниот дел на Мала Азија. Богатството, што го наследија од родителите, го раздадоа на сиромасите и преку милостињата ги исчистија срцата и станаа слични на Бога. На Зиновиј Бог му даде дар да чудотвори, односно да ги лечи сите болести само преку допир со раката. Подоцна стана епископ во родниот град. За време на гонењето на христијаните во третиот век, Зиновиј беше изведен на суд и ставен на маки. Сестра му Зиновија не сакаше да го остави сам во маките, па сама се јави пред судот. По измачувањата, им беа отсечени главите. Пострадаа во 285 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Јозафат Кунцевиќ. Живеел во Украина, бил калуѓер, а потоа станал надбискуп. Работел на соединувањето на католичката и православната црква. Бил екуменист, а противниците на екуменизмот го убиле. На Свети Јозафат му се молат христијаните кои работат на соединувањето на католичката и православната вера. ###

Остани поврзан