• недела, 22 декември 2024

Одбиена нова молба на убиецот на Роберт Кенеди за пуштање од затвор

Одбиена нова молба на убиецот на Роберт Кенеди за пуштање од затвор

Лос Анџелес, 2 март 2023 (МИА) - Специјална комисија на американската сојузна држава Калифорнија вчера го одби новото барање за условно ослободување поднесено од Сирхан Сирхан, кој според пресудата, смртно го застрелал сенаторот Роберт Кенеди во 1968 година.

Инаку, во август 2021 година, друга комисија даде зелено светло за негово ослободување, но во јануари следната година, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом се спротивстави на таа одлука, оценувајќи ја како „неразумна“, бидејќи верува дека Сирхан е „закана за јавниот ред“, особено во поглед на неговото одбивање „да преземе одговорност за своето дело“. Осуденикот е в затвор повеќе од половина век, и покрај сомнежите дека навистина е виновен за ова убиство.

Во 1969 година, Палетинецот Сирхан Сирхан (78) беше прогласен за виновен за атентатот врз Роберт Кенеди, помладиот брат на претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди, кој претходно беше убиен. Сенаторот од сојузната држава Њујорк, Роберт Кенеди, исто така, водеше претседателска кампања.

Сирхан првично беше осуден на смрт, но подоцна казната му беше заменета со доживотен затвор.

Неговата вина сѐ уште се доведува во прашање. На пр., судењето покажа дека Роберт Кенеди бил застрелан од зад грб, но според некои очевидци, Сирхан бил пред него. Некои наводи говорат и дека биле испукани 13 истрели, а оружјето на Сирхан било наполнето со осум куршуми.

Тој, исто така, тврди дека неговите претходни признанија на судењето биле резултат на лоши правни совети.  си/сд/

Остани поврзан