Одбележување 150 години од раѓањето на Гоце Делчев (во живо)
- По повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, денеска на неговиот гроб во црквата Свети Спас ќе се поклонат и ќе положат цвеќе претседателот Стево Пендаровски, претставници н

Скопје, 4 февруари 2022 (МИА) - По повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, денеска на неговиот гроб во црквата Свети Спас ќе се поклонат и ќе положат цвеќе претседателот Стево Пендаровски, претставници на Собранието, на Владата, на државни институции, партии, здруженија и граѓани.
Цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе положи и делегација од Бугарија, предводена шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.
Цвеќе ќе биде положено и на спомениците на Гоце Делчев во Градскиот парк и на Плоштад „Македонија“ во Скопје.