Одбележување на Меѓународната недела на сестринството
- Со традиционална свечена академија, на која ќе се доделат признанијата за најхумана медицинска сестра, денеска во Скопје ќе се одбележи Меѓународната недела на сестринството што годинава се одржува од 5 до 12 мај под мотото „Нашите медицински сестри, нашата иднина, економската моќ на негата“.

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) – Со традиционална свечена академија, на која ќе се доделат признанијата за најхумана медицинска сестра, денеска во Скопје ќе се одбележи Меѓународната недела на сестринството што годинава се одржува од 5 до 12 мај под мотото „Нашите медицински сестри, нашата иднина, економската моќ на негата“.
Настанот насловен „Инвестиција во сестринството за здрава нација – вистинско време за движење напред“ ќе започне со донациски базар „Сестрите за сестрите“.вј/лв/
Фото: За нас