Одбележување на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР
- Денеска ќе се одржи Свечена церемонија по повод одбележувањето на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) – Денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод одбележување на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.
Настанот ќе се одржи пред објектот на Одделот за заштита на определени личности и објекти.
Предвидено е официјални обраќања да имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти Александар Нацевски.свс/вг/
Фото: МИА архива