• понеделник, 22 јули 2024

Одбележан патронатот на ООУ „Партенија Зографски” во Кисела Вода

Одбележан патронатот на ООУ „Партенија Зографски” во Кисела Вода
Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на манифестацијата за одбележување на патронатот на ООУ „Партенија Зографски”. Одбележувањето на 63-годишното постоење на ова училиште, како што информираат од Општина Кисела Вода, се одбележа со свеченост на која градоначалникот Ѓорѓиевски и директорот на училиштето Мартин Мартиновски, положија цвеќе пред бистата на првиот македонски учебникар, фолклорист, филолог, културен деец, првиот македонски митрополит и еден од најистакнатите црковни работници од 19 век, чие име го носи училиштето. На прославата учениците извеле музичко-сценски настапи, а биле доделени награди за најуспешните учесници на конкурсите распишани по повод патронатот, како и благодарници за наставниците кои годинава гзаминале во пензија. По завршувањето на свеченоста, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски заедно со директорот Мартиновски, изврши обиколка на училишниот објект. ООУ „Партенија Зографски” брои вкупно 519 ученици, а годинава беа запишани 81 првачиња. аа/дма/

Остани поврзан