• понеделник, 15 јули 2024

Одбележани 130 години од формирањето на првиот комитет на ТМОРО во Кавадарци, веднаш по Солунскиот

Одбележани 130 години од формирањето на првиот комитет на ТМОРО во Кавадарци, веднаш по Солунскиот

Кавадарци, 15 јули 2024 (МИА) - Сто и триесет години од формирањето на првиот комитет на ТМОРО во Кавадарци, веднаш по Солунскиот, беа одбележани денеска во овој град. Беше положено цвеќе пред спомен плочата во централното градско подрачје. Пред присутните говореше Натка Китева, кустос историчар во Музеј галеријата. 

- Во првиот состав на организацијата влегле Пане Иванов, кој бил избран за претседател, а за членови биле избрани Иванче Минчев - чиновник и учител, Јованче Велков - трговец и Јанаќи Илиев Ќурчиев - трговец и кожувар, рече Китева. 

Таа додаде дека со ова, Кавадарци ја имал таа чест да биде прв град во Македонија, во кој што е формиран првиот комитет на ТМОРО после Солун, а сите останати комитети во Македонија се формирани подоцна. свд/

Фото: Музеј галерија Кавадарци

Остани поврзан