Одбележана годишнина од формирањето на Државно музичко училиште во Битола
- Државното музичко училиште од Битола синоќа со целовечерен концерт во Офицерски дом ја одбележа 77. годишнината од основањето.
Битола, 22 февруари 2024 (МИА) - Државното музичко училиште од Битола синоќа со целовечерен концерт во Офицерски дом ја одбележа 77. годишнината од основањето.
На концертот насловен „Нека е бесконечно музика“ настапија професори од училиштето, како и поранешните ученици Горјана Стојановска, Кирил Мулоски, Јана Четелева Белевска, Маја Божиновска, Игор Милевски и Татјана Божиновска.
На синоќешниот концерт трио „Трифоника“ во кое се Јана Четелева Белевска, Марија Шамоска Буџаковски и Елена Ѓоргиева, премиерно го изведоа на делото „Македонско девојче“ на Вангел Мажевски.
Пред аудиториумот во битолскиот Офицерски дом настапија и Билјана Талевска, Билјана Димовска, Оливера Гемту, Владимир Андревски, Горан Трајковски, Спире Јовановски, хорот на ДМУ под диригентска палка на Лилјана Трајковска Димевски, заедно со Кире Мулоски и Менде Мешковски.
Државно музичко училиште – Битола е формирано во 1947 година со решение на Министерството за народна просвета на Народна Република на Македонија и е во редот на најстарите училишта во Македонија. На почетокот биле формирани паралелки за основно музичко образование, а од 1962 година формирани се и пaраралелки за средно музичко образование. мт/ев/
Фото: МИА