• среда, 01 мај 2024

Објавен поетскиот конкурс во рамките на спортската манифестација „Трка на поезијата“

Објавен поетскиот конкурс во рамките на спортската манифестација „Трка на поезијата“

Струга, 16 април 2024 (МИА) - „Километарски танц до целта“ е тема на годинашниот поетски конкурс на четвртотот издание на меѓународната спортската манифестација „Трка на поезијата“, што на 26 мај ќе се одржи во Струга.

На конкурсот, како што соопшти организаторот, атлетскиот клуб „Спортски мостови“, можат да учествуваат автори, кои ќе пратат една своја необјавена поетска творба на темата, на email адресата: konkurs@poetryrun.mk. 

- Во рамки на пораката, треба да се испрати име, презиме и телефон за контакт, најдоцна до 15 мај годинава. Најдобриот учесник, оценет од тричлена жири-комисија ќе биде објавен на прес-конференција, информира организаторот.

Спортската манифестација „Трка на поезијата“ содржи три трки, главната атлетска трка на 10 километри од натпреварувачки карактер и рекреативна трка на пет километри, а ден претходно ќе се одржи и „Боград детската трка“ традиционално посветена на лицата со ретки болести.

Регистрацијата за четвртото издание ќе трае до крајот на април, на веб страницата  www.poetryrun.mk. сс/ир

Фото: Спортски мостови

 

Остани поврзан