• понеделник, 24 јуни 2024

Објавен конкурс за стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус 

Објавен конкурс за стипендии „Ацо Шопов“ за студенти од втор и трет циклус 

Скопје, 24 мај 2024 (МИА) - Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ објавува конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Стипендиите се наменети за оние млади истражувачи во полето на хуманистиката кои во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, толеранција и сл., а во доменот на научноистражувачката методологија се придржуваат до современите научни парадигми.

Право да конкурираат, како што информираат од Фондацијата, имаат студенти запишани на втор и трет циклус студии, чија тема на магистерски или докторски труд е веќе прифатена од наставно-научниот совет на факултетот на кој студираат, чиј магистерски или докторски труд ѝ е посветен најмалку во една третина на македонската современа поезија и најмалку во една четвртина на творештвото на Ацо Шопов, и кои во текот на студиите постигнале најмалку 8 просечен успех.

Прецизните услови за конкурирање се објавени на страницата на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во „Лирскиот дом на Ацо Шопов“. аа/

Фото: Фондацијат „Ацо Шопов“

 

Остани поврзан