• петок, 22 ноември 2024

Објавени резултатите од конкурсот на МОН за најдобра песна од ученици

Објавени резултатите од конкурсот на МОН за најдобра песна од ученици

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - По повод Светскиот ден на поезијата. Министерството за образование и наука денеска ги објави  резултатите од конкурсот наменет за основци и средношколци за избор на најдобра песна, кој во соработка со поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ беше објавен минатиот месец.

МОН и поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ изразуваат благодарност до сите учесници на натпреварот и им честитаат на победниците.

-Бројот на доставени лични дела, покажа дека кај младите постои голем интерес да творат, односно да се изразуваат преку оваа литературна форма. Популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз е една од целите кон кои се насочени заложбите на Министерството за образование и наука во тековниот период. Со прифаќањето на младите да читаат и да создаваат лични литературни творби, се поттикнува нивната имагинација, но и креативноста како основна карактеристика која придонесува кон позитивни резултати и личен просперитет, соопшти МОН.

Како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден на поезијата, во текот на овој месец, за време на наставата по мајчин јазик, во училиштата беше одржан и еден специјален час посветен на празникот на поезијата.

-Притоа учениците беа подетално запознати со една од најблагородните и возвишени уметности на пишаниот збор. Пред младите беа презентирани и примери од најпознатите светски и домашни поети, како и значењето на „Струшките вечери на поезијата“ како еден од најзначајните светски поетски фестивали, а беа прочитани и стихови од годинашните добитници на „Златниот венец“ и „Мостови на Струга“, највисоките признанија кои се доделуваат на овој фестивал, наведува Министерството за образование и наука. хс/ев/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан