• петок, 17 мај 2024

Објавени првите излезни анкети од изборите во Хрватска

Објавени првите излезни анкети од изборите во Хрватска

Загреб, 17 април 2024 (МИА) – Според излезните анкети на Нова ТВ, ХДЗ и партнерите освоиле 58 мандати, СДП и партнерите 44, Домовински покрет и партнерите 13, Можеме и партнерите 11, Мост и партнерите 9, НПС (Матија Посавец) 2 мандати, ИДС и партнерите исто така 2 мандати, а еден мандат освоил Фокус.

Во Хрватска денеска се одржаа 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година. Во 7:00 часот беа отворени над 6.500 избирачки места на кои ќе се гласа до 19 часот, до кога е во сила изборниот молк.

Право на глас имаат 3.733.283 хрватски граѓани, што е за 127.000 или три отсто помалку од претходните парламентарни избори во 2020 година. Тие се поделени во вкупно 12 изборни единици: 10 се распоредени на територијата на сите окрузи во Хрватска, 11-та е гласот на дијаспората, а 12-та е составена од гласачи на националните малцинства. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан