• петок, 05 декември 2025

Објавена сликовницата „Кошница со калинки“ од Марина Мијаковска

Објавена сликовницата „Кошница со калинки“ од Марина Мијаковска

Скопје, 5 мај 2025 (МИА) - Излезе од печат сликовницата „Кошница со калинки“ од авторката Марина Мијаковска, во издание на „Едука мак“.

Како што соопшти авторката, сликовницата е инвентивна и едукативна, наменета за децата од предучилишна и од рана училишна возраст. 

Во приказната Мијаковска ги едуцира децата на сликовит начин да дознаат каде, кога и како расте, цути и созрева калинката, каква боја има цутот, а каква плодот, што содржи и зошто е здраво да се јадат калинки. Книгата ја развива љубопитноста кај децата и говорните вештини преку ликот на девојчето со име Калина која набљудувајќи го дрвото со калинки во бабината градина, учи за нив и го пренесува знаењето на својата другарка Лина. Тајната на Калина се крие во благословот на кошницата со собраните калинки.

-Сликовницата е живописно илустрирана, а илустрациите се во функција на текстот со што ја оживуваат приказната со изразен приказ на дејство и динамичност. Тие го поттикнуваат мисловниот процес и ја развива имагинацијата кај детето, се вели во соопштението за сликовницата. бт/нд/

Фото: Корица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан