• вторник, 19 ноември 2024

Во петок Комисијата за избори и именувања ќе предложи кандидати за новиот состав на Антикорупциска

Во петок Комисијата за избори и именувања ќе предложи кандидати за новиот состав на Антикорупциска

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Во петок (1 декември) собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе избере седум кандидати за идни членови на Државната комисија за спречување на коруцпијата, кои потоа ќе му ги предложи на Собранието на изјаснување.

Ранг - листата со освоени поени веќе е објавена на веб - страната на Собранието, а највисоко на неа котираат вработената во Државниот завод за ревизија (ДЗР) Татјана Димитровска - 76 бода, на второ место е судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска - 75,86, двајца досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев - 74,28 и Бесник Џемаиљи - 74,14, ревизорите Зоран Богоевски - 73,57, Цвета Ристовска - 70,57 и Демири Сервет - 67,28, адвокатите Владимир Клековски - 65,57 и Сузана Јошевска-Анастасовска - 65,43 и на десеттото место новинарот Даут Даути со освоени 64,14 бода. 

Поранешниот член на ДИК и поранешен пратеник Борис Кондарко со 40 осовоени бода се наоѓа на 25.место, судијка од Основниот Кривичен суд Славица Андреевска со освоени 34,28 бода се наоѓа на 33.место, поранешните судијки Татјана Михајлова со 37 бода е на 29.место  и Маја Малахова со освоени 27,57 бода се наоѓа на 37.место...

Според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси Комисијата за селекција утврдената ранг-листа на кандидатите согласно со утврдените критериуми ја доставува до Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која во рок од два дена најдобро рангираните кандидати му ги предлага на законодавниот дом во единствена предлог-листа за претседател и членови на Државната комисија, со образложение за секој од предложените кандидати.

Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата не ја утврди листата во утврдениот рок, Собранието расправа и гласа поединечно за секој од кандидатите кои ги исполнуваат условите согласно со ранг-листата составена од Комисијата за селекција. Ако Собранието не избере претседател и членови на Државната комисија, постапката за избор се повторува во целост со објавување конкурс веднаш, а не подоцна од рок од десет дена.

Во постапката за избор на претседател и на членови на Државната комисија се земаат предвид принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на подеднаква родова застапеност.

Кандидатите за претседател или член на Државната комисија кои сметаат дека во постапката за избор на претседател или член на Државната комисија се прекршени законските одредби имаат право на тужба до Управниот суд. Постапката пред Управниот суд е итна.

Извештајот од анализата на патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година што денеска Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) го презентираше покажува дека вкупни

Мандатот на досегашните членови на Комисијата Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи ќе истече на 7 февруари 2024 година, а согласно законот немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија, за реизбор или продолжување на нивниот мандат до изборот на новата комисија. Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари 2024 година.

Сите 41 пријавен кандидат на 23, 24 и 25 ноември беа испрашувани од Комисијата за избор составена од пратениците од власта Фаница Николовска и Берат Ајдари и од опозицијата Ели Панова и Кастриот Реџепи, како и Јован Андоновски  како претставник на Народниот правобранител и претставниците на Советот за соработката меѓу невладините организации и Владата Снежана Камиловска Трповска и Никола Додов.

За претседател на ДКСК може да се избере лице кое е државјанин на Северна Македонија и кое живее во земјата, да е деловно способна личност, да има високо образование од областа на правните науки или од областа на политичките, комуниколошките или економските науки. Покрај високото образование, се бара и најмалку десетгодишно работно искуство по завршувањето на образованието. Притоа осум години од работното искуство да биде во областите на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или доброто управување.

Кандидатите за членови треба да имаат шест години во областите поврзани со откривање корупција. И претседателот и членовите на ДКСК не треба да биле членови на Собрание, ниту во Влада, ниту пак донатори или функционери во политичка партија. фф/ев/

Фото: МИА Архива/Принтскрин

Остани поврзан