• среда, 13 ноември 2024

Објавена книгата „Чекорите до црешовото дрво“ од Паола Перети во издание на Антолог

Објавена книгата „Чекорите до црешовото дрво“ од Паола Перети во издание на Антолог

Скопје, 5 септември 2023 ( МИА) -  Антолог ја објави книгата „Чекорите до црешовото дрво“ од италијанската писателка Паола Перети. 

Во книгата е опишана деветгодишната Мафалда со очила, мачорот по име Отимо, нејзината најдобра другарка - Амазаонка, како и најдобриот другар Филип.

-Во оваа книга за деца, главниот лик е ставен пред голем предизвик: поради ретката генеткса болест која предизвикува постепено губење на видот, таа во во својот дневник започнува да ги запишува сите нешта што нема да може да ги прави – да ги брои ѕвездите на небото, да игра фудбал со машките, да се качува на црешовото дрво во училишниот двор. Ама, набрзо дознава дека постои и и поинаков начин на гледање. Со чекорите го мери растојанието до црешовото дрво... во правец на опојниот мирис... и започнува нов список: со нештата што сѐ уште ќе може да ги прави. Исто како и малиот принц, содржината е упатена на тоа како  светот да го набљудуваме со срцето, а не со очите. Горчината што ја чувствува читателот само се засилува со сознанието дека и самата авторка на романот страда од истата болест, велат од издавачката куќа „Антолог“.

Паола Перети (1986) студирала книжевност и филозофија. Дипломирала новинарство во 2011 година. Пред петнаесетина години ѝ откриле ретка генетска болест која води кон целосно слепило. „Чекори кон црешовото дрво“ е нејзин прв роман. Живее во областа Верона, каде што предава италијански јазик на децата на имигрантите.

Книгата е поддржана од проектот „Создадено во Европа: моќта на различноста“, кој опфаќа превод, објавување, дистрибуција и маркетинг на седумнаесет книги кои се идеални репрезенти на моќта на разноличноста што владее на најстариот континент, отворајќи тематски сложени прашања: инклузивност, глобално затоплување, меѓусебно разбирање, правична застапеност на жените, еднаквост, преосмислување на личниот и колективниот идентитет, соочување со загубата, активизам и храброст да се биде различен. љм/са/

Фото: Антолог

 

Остани поврзан