• петок, 05 декември 2025

ОБСЕ: Парламентарните избори во Молдавија беа конкурентни, но нарушени од сериозно странско мешање

ОБСЕ: Парламентарните избори во Молдавија беа конкурентни, но нарушени од сериозно странско мешање

Кишињев, 29 септември 2025 (МИА) - Парламентарните избори во Молдавија беа конкурентни, но нарушени од сериозни случаи на странско мешање, изјави денеска шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ во земјата, Паула Кардосо,цитирана од британските медиуми.

Таа како една од координаторите на краткорочната мисија за набљудување на изборите на ОБСЕ во Молдавија, изјави дека одлуката на молдавските власти да исклучат две партии од учество на изборите на само неколку дена пред гласањето ја поткопа „правната сигурност на статусот на ривалите и го ограничи нивното право на ефикасна заштита“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан