• понеделник, 23 декември 2024

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) – Граѓаните на Северна Македонија ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго. Ќе зависи од граѓаните да одлучат. САД сакаат да ја видат Северна Македонија да стане дел од ЕУ што е можно побрзо, порача помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, по состанокот на лидерите од Западен Балкан, посветен на Планот за раст на ЕУ.

- Ние, како САД, сметаме дека е во наш интерес да се задоволат интересите на граѓаните на Западен Балкан и младите да имаат поблиска интеграција со Европа. Затоа, ми одговора што сум тука неделава во Скопје, со премиерот на неговата последна меѓународна средба во овој мандат, но ве уверуваме дека Северна Македонија и САД ќе продолжат да работат заедно на траекторијата на земјата кон Европа. Луѓето на оваа земја ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго. Ќе зависи од граѓаните да одлучат. Од гледна точка на САД, ние сакаме да ја видиме Северна Македонија да стане дел од ЕУ што е можно побрзо, изјави О’Брајaн.

Прашан за постоењето на „нон пејпер“ на албанските политички партии со кој ќе се обвразат да не коалициираат со партија што во следните шест месеци по изборите нема да спроведе уставни измени, О’Брајaн рече дека не знае ништо за тоа.

-Останувам на тоа што го кажав во ноември, а и тоа што го кажав денес. Сметаме дека зависи од граѓаните на Северна Македонија да решаваат за патот понатаму. Сметам дека една партија предлага пат напред и прифаќа критики затоа што на некои луѓе им се допаѓа или не им се допаѓа таа насока. Друга партија ветува дека ќе смисли начин со којшто ќе се придвижат напред и мислам дека е правично граѓаните на државата да ја прашат таа партија за овој нон пејпер и тие да одлучат помеѓу визијата што ја знаат и помеѓу она што се дава како ветување, изјави О’Брајaн.  аа/ац/

Фото: Влада

Остани поврзан