• сабота, 15 јуни 2024

Облачно со сончеви периоди

Облачно со сончеви периоди

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа, особено во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 18, а максималните ќе достигнат од 23 до 29 степени.

Во Скопје ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се спуштат до 17, а максималните ќе достигнат до 27 степени.

Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи се очекуваат за време на викендот. Дневната температура нема значително да се менува. фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан