• вторник, 23 јули 2024

Облачно со повремен дожд и ретки грмежи

Облачно со повремен дожд и ретки грмежи

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 километри на час).

Минималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 13, а максималните ќе достигнат од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималните ќе достигне 19 степени.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.фф/хс/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан