• петок, 22 ноември 2024

Облачно со локален дожд и северен ветер

Облачно со локален дожд и северен ветер

Скопје, 4 мај 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен, а во Пелагонија повремено засилен ветер од западен правец кој во Битола достигнува брзина до 45 km/h.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие има наврнато во Крива Паланка 20 литри на метар квадратен, во Штип 15, во Берово 12, во петровец - Скопје и во Охрид 9, во Демир Капија 7, во Претор 5, во Велес и Кавадарци 4, во Струмица и Гевгелија 3, во Виница и Лазарополе 2 и во Битола и Куманово еден литар на метар квадратен.

Синоптичарите за утре и за понеделник најавуваат претежно сончево и потопло време. Во вторник, локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран, в среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. бд/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан