• среда, 24 април 2024

Облачно и студено со локален слаб снег на планините

Облачно и студено со локален слаб снег на планините

Скопје, 12 февруари 2023 (МИА) - Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со појава на локален слаб снег на планините, најпрвин на северот, а потоа слаб снег ќе провејува претежно во западните планински делови.

Според прогнозата на УХМР, преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повисоките делови од котлината ќе има услови за поjава на слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Од понеделник следува период на стабилно време, утринските температури нема да бидат многу ниски,  а дневните до средината на неделата ќе бидат во постепен пораст.

-Ќе дува претежно северен ветер кој во вторник и особено во Повардарието ќе засилува, соопшти УХМР. хс/  

Остани поврзан