• понеделник, 13 мај 2024

Облак: Ремито со Реал за нас е добар резултат

Облак: Ремито со Реал за нас е добар резултат

Мадрид, 5 февруари 2024 (МИА) - Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак е задоволен од ремито со Реал Мадрид (1:1) синоќа во натпреварот од 23. коло на шпанското фудбалско првенство.

- Според тоа како течеше натпреварот, нерешениот резултат е добар резултат, иако сакавме да го добиеме мечот. Можевме да ремизираме, можевме да загубиме. Не се доближивме до Реал Мадрид во Ла Лига иако сакавме, но со оглед на начинот на кој се одвиваше играта треба да бидеме среќни со бод. Реал Мадрид, исто така, сакаше да победи на натпреварот наместо да ремизира. Како што реков, еден бод е подобар од ништо, особено во такви околности. Реал обично постигнува гол во последните минути, но овој пат дојде редот на нас, изјави Облак за „Marca“.

Атлетико е четврти во Ла Лига со 48 бодови, додека Реал е на чело со 58 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан