• недела, 22 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
13 февруари 2020 (МИА)  Македонски народни песни од Битолско  Ај дејгиди Цвете, лично девојче Ај дејгиди Цвете, лично девојче, се наконти, Цвете, се дотера, со бели нараквици, бело фустанче, и со бели чејли од модата. Низ чаршија, Цвете, се прошета, и испука Цвете, беќарите. И испука, Цвете, беќарите, калфите, Цвете, и чираците. Касапчето Цвете, ти намигаше, терзивчето, Цвете, ти тропкаше. Се засрами, Цвете, и си замина, низ тој сокак, Цвете, не помина. Нели ти реков, сношти Нели ти реков, сношти, Анѓелино, либе, нели ти реков. И сега ќе ти речам. Ја излези, Анѓелино, на долните порти. Оти ќе одам, Анѓелино, во Солуна града. И ќе ти донесам, Анѓо, солунска капела, и чевли роганлии. Ќе ти донесам, Анѓелино, три филдиш чешли, бели нараквици, сите да се чудат, и да ти завидат. Шо сторив, шо се заљубив Шо сторив, шо се заљубив, беља си зедов, леле, на глава. Сите доктори, леле, дојдоа, никој ми чаре, леле, не јајде. Најсетне дојде, леле, докторче, докторче младо, леле, Робервче. Робевче, дојде, леле, в ландонче, тој ми го најде, леле, чарето. -Ај море, младо, леле, будало, ти не си болно, леле, од болес, туку си болно, леле, од мерак, од мерак лудо, леле, од севда. Долу митрополија Долу митрополија, се собрале, мамо, дел ќе ми делат, дел ми пределија. Дел ми пределија, пусто Мариово. Пусто Мариово, деведесет села. Јас да и шетам јас да и повелам. Во секое село, се по една мома, се по една мома љубам. Село Градешница, мамо, во горното мало, кај баба Јасна Доца,. Она има до три ќерки, првата ми беше, ѓузел де Марија, втората ми беше, калеша Коприна, третата ми беше катил Катерина. Девојче, девојче Девојче, девојче, црвено јаболче, не губи си време, не љуби ме мене. Оти јас сум лудо, од далечна страна, од далечна земја, од града Солуна. Кога ти ќе чуеш, болен јас да паднам, понада да дојсиш, шише рум ракија, едра леблебија. Прошетав долу Прошетав долу, прошетав горе, за да е видам та што е сакам. Видов е видов, горното мало, в долно градинче, подај ми девојче, китка босилок, гранче каранфил, да ставам девојче, на убо фефче, на чакмак веѓи. Од книгата „На угари без другари, Македонски народни песни“ собрал Ѓорѓи Белџигеровски, Битола 1989. Ѓорѓи Белџигеровски беше собирач на македонски народни умотворби од повеќе региони на Македонија. Роден е во градот Ресен во 1930 година. Еден дел од детството минал во родниот крај, а потоа се преселил во Битола. Бил запаметен како интерпретатор на македонски народни песни, најпрвин на приредби во училиштето, а потоа и во студиото на Радио Битола. Подоцна настапувал и за Радио Скопје. Настапувал со оркестрите на Кочо Петровски, Тале Огненовски Стево Теодосиевски и др. Снимил грамофонски плочи, касети и снимки за Радио Скопје. И самиот пишувал песни, мелодија и текст и ги пеел. Збирка со 90 вакви песни објавил во 1972 година. Поголем фонд народни пресни предал во Институт за фолклор во Скопје. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан