• четврток, 26 декември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
27 август 2021 Преданија и легенди Манастир Трескаец Манастирот Трескаец, Св. Богородица, ет напраен на една од највисоките планиње околу Прилеп, од лева страна од кај што огрева сонцето (североисток). Таа планина се викат Златоврв. Прикажуат стари оти на врвот од планината имало едно јаболко од злато што се гледало коа ќе огреело сонцето од сите страни, дури и од Солун. На врвот од планината имат една плоча голема, луѓе да не можат да ја кренат. За да се качиш на Златоврвот јет многу страшно, чунки ќе се качуаш од камен на камен. На едно место имат една пропас, што треба да ја прерипаш, да кој-годе чоек немат такво срце за да прерипат. Откоа ќе го прерипаш тоа место, ќе поодиш уште малку и ќе појдиш близу под Златоврв. Тамо требат да се јазиш по една спила прао угоре. Во спилата имат дупка, максус копана со глето од луѓе само за палците клаање, и така да се вкачиш на Златоврв. Откоа ќе се качат мнозина луѓе и да застанат на големата плоча малку да се занишкаат и ќе ватит да се нишкат плочата. Вистина јас сум се чудил кога сум се качил во детинството (сега со балон да ме качат таму не приимам, камоли пеш да одам). Коа ќе доиш до стреде планината, имат една пештера. Во таа пештера имат посница. Од посникот што постил некоаш, имат една коска што ја целиваат којшто ќе појдат. Сета планина ет камениста. Во стредето имат една рамна рудина и на таа рудина ет напраен манастиро Трескаец. Се велит за тој манастир да ет напраен од илјада години горе и се прикажуат од стари оти некоаш живееле триста кауѓери. И прочуен бил од Белото Море до Црно. Во тоа време, шетала некоја царица по светогорските манастири за да се исповедат и да се причестит. Арно ама нигде не можела да најт духовник како што барала таа. Така шетајќум по манастирите, за научила за манастирот Св. Богоројца од Прилеп и дошла на манастир со многу војска по неа. Кога ја виделе калуѓерите војската, се уплашиле да не идат да го пленат манастирот. Затвориле јако портите и при се што ’и моли со арно царицата за да отворат, не било возможно да отворат. Кога виде царицата инаетот кауѓерски, заповедала на војската да прескочат преку порти и му влегла внатре. Се налутила царицата и сите калуѓери ’и заклала како јагниња во црквата стреде и си ошла од кај што си дошла. Повела Божја: од крвта кауѓерска оживеало еден ѕвер и заптисал манастирот. Ништо живо не припуштал нито во манастирот, нито околу манастирот. Многу годиње поминало што не можел чоек да се приберит околу манастиро. Многу му било жал на луѓето оти му бил запустен манастирот, ама немало што да чинат. Кој кај одел, се Бога молел за Господ дев да ја сторит таја ѕверетина што заптисала тој златен манастир. На ден Богоројца кога биле народот во Варош во црквичето Пречиста (здрава је и ден-денеска), у литургија чуле еден трескот голем од зад Маркуи кули и дури се исплашиле. – Бре што је, како је, дали земња пукна, дали некоја спила падна од Златоврв? – си велеле луѓето. Најпосле се научиле од овчари и од друзи оти в манастир трештило од ведрина и ровјата удрила над црква. По неколку дни не можат да го видат ѕверот (некој ми прикажуал оти ламја била, а друг – гуштер) со крилја да летат од манастир надвор и да шетат, пакос да чинит. Тогај како да му притекнало оти ет убиен ѕверот, та се престрашиле и се насобрале луѓе обружани, та му пошле в манастир и овде, онде – еве ти го ѕверот убиен стред црква, на коските од кауѓерите. Ошле, та раскажале и го отвориле манастирот, и до ден денешен ет отворен. Во црквата имат една врата заѕидана и ми кажуеле оти некоаш цар влегол в црква, кога се венчал за цар и пак од таа врата излегол, та за тоа била заѕидана. Чунки кај што поминал цар, друг поп, или мирјанец, не даало закон да поминит. Од Прилеп да одиш на м. Трескаец имат два саата близу до под планината манастирска, до село Дабница ќе одиш на рамно, помеѓу планињето. Оделево ет Маркој кули, а оддесно помеѓу планината Кукул, што сет заватени и двете планинки за Златоврвската Планина. Од с. Дабница после ќе одиш прао угоре по патот манастирцки токмо еден саат пеш. Во м. Трескаец имат ферман султански со раката од пророк Муавмеда за ништо данок да не му се земат и никој Турчин да не го гибат. И за вистина, нашите Турци сет за повалуање на честа што му ја чинат на нашиот манастир. Еве остарев јас и не чув да сторит некој гибел голем на манастирот, нито пак на чивлизите манастирски. А од некој работи што се праеја од еснавите, кога се врзуало тестирот на еснавите, кога беа наедно под еден устабашија, оделе тамо (според како што имат писано за тестирот) со казијата, со мувтијата, со војводата (во старо време во Прилеп војвода имало што повелал градот) на чело оделе на манастир. Чесно ќе седеле, и чесно ќе си оделе. Таа чес што му се давало од Прилепцки Турци на Трескаец верно ет за честа од вермано со раката од Муавмеда. Здравици 1. Два ангела летаа, по престоли госпоски, киски цвеќе китеа, рајски песни пееја: Алилуја, алилуја, Господи помилуј, повели напи се, Иване, помогол ти денешен. 2. Ристој вајскрс Самртнаго, Самртниу ступи, гробнем живо дарова два гроба живо дарова. Благослови на чаша со вино или ракија по нашите села. 3. Добро здравје! Добра мисла! Мир и милост! Господ од лошо да не чува! Господ да ни чува седбата! Дар по полето! Здравје во стоката! Некоја смеќа на душманите, ум и разум на рисјаните! На помош денешен (името на празникот) и си светци помошници! Бог да ни ’и прости крстени души! Блаосојте и здравица ви! 4. На помош вчерашен, денешен и утрешен. Свети Дух да подуе полето! Што се пеат на приет: Машки деца, женски јаганца, дар во благата, чад во буништата, огон во огништата, роса по полето мед и млеко во планињето, здрави, живи домаќините сосе тајфите (домашните), куќи полни со гости, пријатели, братска љубов! Бог да ни ’и прости крстени души! Блаосоите! Здрами се! 5. На куќа слама, во куќа слава да е жива домаќинска глава! Благослов при пиење вино и ракија на свадба Господи Боже, поможи! Господ да ни поможи, и си светци небесни, и денешна Света Богородица да не крепи надесно и да не има под рака! Свети Арангел милостив и чесен крст да не укрилит! Свети Илија да ни го чуа полето со бериќето, и Свети Дув да ни подуе полето, за полни да ни сет амбарите, полни бочви со вино и ракија! Да ни е жив домаќин, да му е жива домаќинка и челад што му дал Господ, во челад и во стока добрина! Колку клиње во куќава, толку синои у домаќина! Да му се живи овците, трлото да му е полно со машки јаганца калеши! Стрижење, молзење, јадење и пиење од века до века, дај Боже! Брацка љубов да имаме, трешница на душмани, да се влечат по газоите, на мешини по мостоите, бели камења да ватат и назад да се не вратат; Света земја да појдат и тамо да останат! Брацка љубов и добра мисла Господ да ни даит! На стари годиње добра старос и добри дни! Блаосоите и здрав ми сте! Откога ќе ја испиет чашата, ќе ја турат, велејќи: „Колку капки останаа во чашава, толку душмани да останат.“ Ако се погоди и свадба да имат во куќата, при друзите (горни) зборои ќе се блаосоит и вака: Да ни се живи младенците и турачите што ни тураат по чесна трпеза вино и ракија! Арџот и страмот за век! Годинава венчаваме, до година да крстиме, и на помали да исчекаме! Да сме живи и гостите што го веселиме домаќино! Вакваа радос и веселје и во нашите куќи, и на нашата челад! да се радуаме и веселиме: кој од срце кој од глаа, кој од челад, кој од брат, кој од сина и внучиња! Блаосоите ме и здрав ми сте! „Ов, ов, ов што била слатка оваа ракија што ми ја подаде зетов“, – ќе речит пијачот. Друзите гости ќе му одречат со насмет: „Слатка е, побратиме, ја, оти од зет ет подадена, затоа е слатка.“ На прс прикажуаат тие селани што можат да редат ваквие зборои на чашата кога да се пиет на соборт или свадба. Сејкој му се чудит на тој чоек што блаошава вака, како знаит да блаошават толку многу како на книга да гледат. Кога да пиет вино Протекол ми м’тен Дунав, занесол ми чаша вино; поклон дојде до кумета; кумот ми се љуто к’лнит, „Жии Бога не је моја, туку ми је Николо’а, пи Никола пи, опет наполни“. Одговор: Мори чашо бу чашо, што ми бучиш на мене, ете јунак за тебе. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан