• петок, 22 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
1 јуни 2020 (МИА)  Преданија и легенди Господ кога и создаваше луѓето Откога создаде Господ небото и земјата, со с# што имат на нив и во нив, што гледаме и не гледаме, живо и умрено; и откоа виде Господ - сполај му! - оти с# што напраи убао го напраи, му се посака да напраи и луѓе на земјава, да живеат и да го слават него. За с# што напраи Господ на веков, беше определил по еден ден да работи за едно, друг ден за друго, треќи ден за треќо, четврти ден и така натамо. Само еден ден определил и за луѓето да и напраит. Станал една утрина рано, засукал поли и ракаи, зел мотиката в раце, ископал земја, напрај'л кал, та почнал да праи луѓе како грнчаро, што праи грниња. Со прво му праел нозете, после трупот, после раце, после глаа, коса, уши, уста нос и сите друзи алати му и редел; како некој саатчија, како што и реди чаркојте на саатот со голем мукает, така - сполај му нему! - и редел и алатите во чоекот со мукает голем, да не нешто некое од алатите клаит во чоекот накриво и да го грди чоекот после. Прај'л што прај'л луѓе до ручек време, огладне - сполај му на Бога! - та беше седнал да ручат, да по ручекот после да и допраи сите колку што му требале. Си ручал Господ симит и млеко надробено и му се пулел на луѓето, што беше и напраил, како што беше и наредил пред него на редои, на редои, како некој табур со аскер што је нареден. Му се пулел и се смеел од што му било ќеф, дека беше и напраил лични, умни и разумни. - Оф, што убај луѓе сум ти напраил, си рекол со умот сам со себе, овије луѓе, прилегаат асли како мене, арно туку до ручеква колку што сум напраил, ако напраам уште толку до вечера, лоша ми је работата; мене ми требаат уште десет толку луѓе, отколку што сум напраил; на ова згора, мене ме пери да напраам еден кал'п и во кал'пот да и турам, та така до вечера да си напраам луѓе, колку што ми требаат. Брго-брго се наручал, се прекрстил, станал од соврата, се измил раце и беше ти напраил еден кал'п, голема работа. Ти припраил уште што му требаше кал и зел да праи кусурот луѓе, колку што му требаше. Тури кал во кал'по, чинеше, стегни ја во кал'пот, и еве ти го чоек, ќе се истуреше од кал'пот, ха врти со чаркот Господ и турај се луѓе од кал'пот; ама оти некој ќе излезел со крива нога, али рака, али врат, али слеп, али ќелеш, али крастав, али пак фодул, али предател, али инетчија, и ако и глеал Господ оти со секакви кусури излегуале од кал'пот, немал време да и попраи; чунки брзаше много, за да и допраит до вечерта, колку што му беа определени луѓе. Ама ќе речиш ти, оти не определил Господ два дни и да и напраеше сите луѓе како првните арни, а не да и праи чаркои и да и тура во кал'пи, та да излегуат лоши, а не арни, како првните што и напраил Господ само со рака и излегоа арни. Колку за тоа можам да речам, така му сакаше ќефот, така напраи, чунќи царот, кога ќе речи некој збор, назад не си го земат, а не Господ да речи во еден ден да и напраи луѓето и после два дни да и праит. Тоа саде не бидуат: Госпо зборот назад не си го земит! Ете од тоа има на веков арни и лоши луѓе, чунќи арните Господ и напраил со рака, а лошите со чарк и вадел од кал'п како грнчарот што вади садои од чаркот. Ангелот што извади камен од море Го пратил Господ ангелот за да му зеит душата на еден чоек. Едно влегол в куќи, 'и видел пет дечиња дробни околу татка си наредени сите и в очи му се пулеле и плакале. Сите пет биле лични, како некои ангелчиња; од голема сиромаштија сите биле голи и боси, така и мајка му била во искинати алишта. Кога видел ангелот, оти сите плачат и многу сиромаси сет, му се нажалило и отишол при некој стар чоек, веќе што бил догруан (престарен) и од него му ја зел душата, та му ја однесол пред Бога. Кога видел Господ оти ангелот не му ја зел душата од сиромајот, ами од старијот му рекол: - Заошто, ангеле, не му ја зеде душата од сиромајот, за кого те пратив, туку му ја зеде од стариот, кај што не те пратив? - Е пред тебе Господи лага не бидуат, - му рекол ангелот. - Ми се нажали за петте деца и жената му, што плачеа и дека 'и видов сите голи и боси. - Ја влези ангеле во најдлабокото море, да ми изваиш еден камен - му рече Господ. Влегол ангелот и изваил еден камен. Господ го натерал да го скршит и откоа го скршил, ето ти еден црв во каменот, туку се преаќал. - Еј, ангеле, виде оти во најздравиот камен имало еден црв? Кој го ранит него внатре, знаиш? - Ти Господи, - му рекол ангелот, го раниш, да ми простиш, оти ти грешив. - Е, кога јас го ранам црво во каменот, ами не ќе можам шес души чоечки да ранам? Ај однеси му ја душата на стариот и земи му ја на сиромајот, оти мојте скришни работи никој не 'и знаит. Господ им дели касмет на евтините деца Откоа и истера Господ дедо Адама и баба Ева од рајо, по многу години пратил ангело при баба Ева да је кажи оти му било мило на Бога да је оди у баба Ева на гости, при се што беше срдит. Коа отиде ангело при баба Ева и је кажал оти ќе ’е дојдел Госпо на гости, голема радос беше сторила и зготвила ручек, леб и сол, што беше је дал Господ. И зела децата едно по едно да ’и мие глаа, да и’и исчешла, да ’и закрпи. И бидејќи имала многу деца, до ручек одвај почистила еден черек од сите деца, и дотрчаа друзите деца при баба Ева со голема радос и је кажаа оти идел Господ. ’И наредила исчистените деца пред куќната врата, да го пречакаат Бога, а пак неочистените ’и затвори во една одаја за да не ’и види Госпо така нечисти и да ја застрами. Је дошол Госпо, сполај му, при Ева, и откоа се наручал, станал да си оди од кај што беше си дошол. Пак ’и наредила чистите деца Ева за да го испратат Бога и го молила. - Господи, ти се молам, ако сакаш, блаосој ми ’и децава. - Мошне арно, ќерко, да ти ’и блаосоам – је рекол. – Ај ова да се стори цар, другото да се стори везир, другово да се стори кадија, другоно да се стори патрик, владика и друзине сите да бидат големи луѓе на земјава. Ете ти ’и блаосоив, ти се стори ќеот сега? - Многу ти благодарам, Господи – му рекла – за доброто што ми го стори на овие деца; арно ама ти си ми дал и друзи, да ако милуаш и нив да ми ’и блаосоиш. - Мошне арно, ќерко – је рекол Господ – донеси ’и и нив да ти ’и блаосоам. ’И изваила од одајата пред Бога и, откоа ’и поизгледал Госпо, почнал да ’и блаошаа: - Е, ајде ова дете да му е на царо акчија; другово да му е лебар, треќото да му е пајтонџија, чртвртото да му е вратар. И друзите да сет едни земледелци, коачи и се што требат да се работи и да се живеит. Ете и нив ти и блаосоив, ќерко Ево; ја ај седи со здравје и добро виденија! – је рече. -Амин, Боженце, оди со здравје и па да не ме забораиш оти сум ти ќерка твоја – му рекла баба Ева и ’и натерала сите деца да му сторат по три метании. Му бакнале рака и си го испратиле Господа Бога да си оди на небото. Зашто магарето има долги уши Коа ја напраил Нојо ѓемијата, удрил со теслата на една штица на сите четири страни, за да се соберат сите животинки за да се избават животинките од потопот. Се собрале сите животинки во гемијата и поминал потопот, спаднала гемијата и испуштил Нојо сите животинки да си одат. Секое му се поклонуело на Ноја и „Седи со здравје“ му велеле. И испраќал Нојо животинките или ѕвероите да си одат со здравје, и на ское на име му велел Ное: - Со здравје арслане, - му рекол на арсланот -. – Со здравје – му рекол на филјо. – Со здравје - му рекол на мечката и на волкот, на елено и на срната. – Со здравје – му рекол на коњот, на волот, и кравата, на овцата и на друзи многу, многу имање. Дошло ред да врват пред Ноја и тие животинки, што не им знаел Нојо имињата, клаени од деда Адама. При друзите животинки, поминало и магарето. Нојо не му го знаел името, коа го крстил дедо Адам, и тој му рекол: - Со здравје бре, магаре! Коа чуле друзите животинки, оти го крстил со името магаре, брбнале сите да се смеат и да му се шегуат на магарето и да му викаат: - Магаре, магаре, зррр, магаре, магаре зррр, зрррр! Коа беше чуло магарето шегата од друзите оту лели беше се гибнало и се устрамило, та кога ти се расплакало и разрипало, ќе го турнеше небото. Коа чуле животинките, сите со право беа се учудиле што плачит и што липаат така. Коа го виделе, оти магарето било, што плачело, секое си свртело глаа по својата работа. Плачејќи и липајќи, магарето поминало околу ѓемијата и дошло пред Ноја. - Аман бре, дедо Нојо, мени ми го името, од магаре барем на зајак, оти ми се бијат шега светот, дека ме крсти магаре! – му рекло магарето. - Море, ај варѓеч, бре магаре, не барај зајак да бидеш! – му рекол Нојо. – Оти ќе ти порастат ушите големи, та со ушите ќе бидеш за страмота и ќе плачиш и ќе липаш, дури и ќе рикаш од жал што ќе ти биди, дека не ќе бидеш магаре, ни зајак. Бре брате ич слуша магаре? Ја зајак да го прекрсти, ја друго чаре не бидуат! - Е, коа не ме разбираш – му рекол Нојо , - ај имај ушите зајачки. Едно му рекол тој збор Нојо на магарето, и му пораснале ушите големи. Одејќи си, коа го догледаа, брате друзите, оти беше му порасле толкаи големи ушите, појќе беше му се шегуале и пак магарето беа го расплакале. Ете, оттогај и до ден денеска кај си плачит магарето, дека го прекрстил Нојо и го нарекол магаре. Ама колку да плачит, фајда си немат, магаре је крстено и магаре ќе си умре, битти даваси. Ето од тоа прекрстуање на магарето и сега едно да се видат, две или поеќе магариња, ќе се израсплачат од жал што му било, дека имале име магарешко и уши долзи. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан