Обезбедувањето на премиерот на Хаити мораше да пука заради безбедност при негова посета на болница
- Обезбедувањето на премиерот на Хаити, Гери Конил, мораше да пука заради безбедност при неговата посета на болница во Порт-о-Пренс, што некогаш беше контролирана од банди, соопшти денеска кабинетот на премиерот на Хаити.

Порт-о-Пренс, 30 јули 2024 (МИА) - Обезбедувањето на премиерот на Хаити, Гери Конил, мораше да пука заради безбедност при неговата посета на болница во Порт-о-Пренс, што некогаш беше контролирана од банди, соопшти денеска кабинетот на премиерот на Хаити.
Конил, со шефот на националната полиција Нормил Рамо и новинари, вчера ја посети најголемата болница на Хаити, а за време на неговата посета пред зградата имало истрели.
Припадниците на обезбедувањето испукале неколку истрели додека Конил и началникот на полицијата ја напуштале болницата.
„Премиерот и неговиот тим целосно безбедни ја напуштија болницата и беа вратени во неговата канцеларија“, се вели во соопштението.
Засега нема информации дали во инцидентот има загинати или повредени. паг/