• недела, 22 декември 2024

Обвинети две лица поврзани со смртта на полицаец во нередите на 6 јануари 

Обвинети две лица поврзани со смртта на полицаец во нередите на 6 јануари 

Вашингтон, 15 март 2021 (МИА) - Министерството за правда на САД денеска соопшти дека се покренати обвиненија за двајца осомничени кои за време на нередите во Капитолот на 6 јануари наводно ги напрскале полицајците со хемиско средство со раздразнувачка реакција, по што еден службеник подоцна почина, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Џулијан Ели Катер и Џорџ Пјер Танјус се обвинети за низа противправни дејства, вклучувајќи напад на службени лица со примена на смртоносно оружје.  

Како што прецизираа обвинителите, осомничените прскале активно хемиско средство со силно дејство во лицата на најмалку тројца полицајци на Капитол. Содржината на средството се уште не е утврдена. 

Еден од полицајците, Брајан Сикник, потоа бил однесен во болница, а следниот ден починал. Катер и Танјос засега не се обвинети за убиство на Сикник. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан