• петок, 22 ноември 2024

Обвинение за измама против жителка на Богданци за изнајмување станови во Скопје

Обвинение за измама против жителка на Богданци за изнајмување станови во Скопје

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Обвинителен предлог е поднесен против 22-годишна жителка на Богданци која во периодот од 15 јули до 29 септември годинава измамила седум лица во Скопје, со намера за себе да прибави противправна имотна корист.

Како што информира Основното јавно обвинителство Скопје, таа измамата ја сторила со лажно прикажување на факти дека ќе им изнајми на оштетените стан во Скопје и со тоа ги навела однапред да и исплатат во готово одреден паричен износ.

- По претходно објавени огласи за изнајмување станови преку социјалната мрежа Фејсбук, секој од оштетените телефонски ja контактирал обвинетата и таа лажно им прикажала дека ќе им изнајми стан, барајќи да и исплатат пари како аванс пред да се вселат. По уплатата, на секој од оштетените им давала на рака клучеви како да се од изнајмените станови на различни локации во Скопје. Меѓутоа, клучевите не одговарале на становите што наводно им ги изнајмувала и во нив живееле други луѓе. На овој начин обвинетата од оштетените прибавила пари во вкупен износ од 74.200 денари, појаснуваат од ОЈО Скопје.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата, која и беше определена поради опасност од бегство. бак/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан