• понеделник, 10 јуни 2024

Обамејанг прогласен за најдобар играч во Лига Европа

Обамејанг прогласен за најдобар играч во Лига Европа

Марсеј, 24 мај 2024 (МИА) - Триесет и четири-годишниот напаѓач на Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг е прогласен за најдобар играч во Лигата на Европа за сезоната 2023/2024.

Обамејанг одигра голема улога за пласманот во полуфиналето на турнирот со своите 10 гола. Меѓу нив беше и неговиот „хет-трик“ против Ајакс во 5. коло од групната фаза.

Тоа е утеха за тимот од Марсеј кој беше променлив оваа сезона и заврши на осмото место во француската Лига 1.

Инаку, тимот на Аталанта триумфираше во Лига Европа, со што го приреди големото изненадување и ја прекина серијата без пораз на екипата на Баер Леверкузен. дс

Фото: Архива

Остани поврзан